Европски суд: Затворањето на Тимошенко е незаконско

Од:

Европскиот суд за човекови права соопшти дека затворањето на поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко е политичко мотивирано, незаконско и претставува кршење на човековите права.

По денешното читање на судската одлука за случајот кој ги влоши односите на Украина со Европа и со САД, претставникот на украинската Влада ја напушти судницата.

Европскиот суд смета дека затворањето на Тимошенко е незаконско и оти лошо се постапува со неа.

– Судот смета дека затворањето е самоволно и незаконско во текот на целиот период, гласи заклучокот на Европскиот суд.

Непознато е дали одлуката на судот во Стразбур ќе биде правно обврзувачка за Украина.

Тимошенко, една од лидерите на украинската продемократска „портокалова револуција“ од 2004 година, е осудена на седум години затвор, во октомври 2011 година поради злоупотреба на службената положба и потпишување на штетен договор за гас со Русија, додека беше на премиерската функција.

Би можело да ве интересира

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности