Европски суд за човекови права: Доживотната казна затвор во Британија нехумана и понижувачка

Од:

Европскиот суд за човекови права (ЕЦХР) пресуди денеска дека доживотната казна затвор која се применува во Велика Британија е „нехумана и понижувачка“, како одговор на жалбата на тројца најозогласени британски убијци.

Во соопштението на ЕЦХР, со седиште во Стразбур, се наведува дека пресудите против Џереми Бамбер, осуден за убиство на пет членови на своето семејство во 1985, серискиот убиец Питер Мур и двојниот убиец Даглас Винтер треба да вклучат можност за ревизија.

Судот истакна дека фактот оти „нема надеж дека тие затвореници некогаш ќе бидат ослободени“, претставува кршење на нивните права, додавајќи сепак дека денешната пресуда не е донесена во намера „да најави скорешно ослободување на подносителите на тужбата“.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот