Европски суд на правдата: Жалбата на Унгарија против Европскиот парламент е неоснована

Од:

Жалбата на Унгарија против Европскиот парламент, кој иницираше постапка во 2018 година против Будимпешта, за ризик од кршење на вредностите на Европската унија, треба да биде отфрлена, процени денеска генералниот адвокат (главниот обвинител)на Судот на правдата со седиште во Луксмебург, јави дописникот на МИА.

Ова прашање на почитување на владеењето на правото е во срцето на отворениот конфликт меѓу Брисел и Будимпешта, која заедно со Варшава го блокира во моментов усвојувањето на европскиот план за закрепнување, како протест против новиот механизам што ја условува исплатата на европските средства со почитување на вредностите на Унијата.

Постапката иницирана од Европскиот Парламент во теорија може да доведе до санкции до лишување на засегнатата земја од правото на глас во Европскиот совет, но тешко дека ќе успее поради правилото на едногласност – освен земјата на која тоа се однесува. Истата таканаречена постапка од член 7 беше покрената против Полска, но по иницијатива на Европската комисија во 2017 година. Според мислењето на Главниот обвинител, кое Судот не треба да го следи, генералниот адвокат смета дека оспорувањето на валидноста на резолуцијата усвоена од Парламентот е неоснована.

Во својата жалба, Будимпешта ги оспорува условите за гласање на резолуцијата, сметајќи дека воздржаните требало да бидат земени во предвид при пресметување на неопходното 2/3 мнозинство гласови, што би имало ефект да не биде не е достигнат

Во своите заклучоци, генералниот адвокат Михал Бобек подвлекува дека деловникот за работа на Парламентот во врска со гласањето на текст, важеше во тоа време, под услов да се земат предвид само гласовите „за“ и „против“ при гласањето и пресметката на дадени гласови и „јасно ги исклучуваше воздржаните“. Тој исто така потсетува дека европратениците беа уредно информирани ден и половина пред гласањето дека тие кои ќе гласаат воздржани нема да се сметаат како дадени гласови и дека „затоа можат да го искористат своето право на глас земајќи го предвид овој факт“.

Би можело да ве интересира

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

Орбан: Интеграцијата на Украина во ЕУ би го попречила развојот на Унгарија

Орбан: Луѓето кои работат против интересите на Унгарија во Брисел треба да исчезнат од јавниот живот

Унгарија ги затвора границите и масовно коле добиток: „Можеби е биолошки напад“

Бока: Македонија е земја-кандидат од 2005 година и верувам дека вистинското место на земјата веќе требаше да биде ЕУ

Орбан: Унгарија не може да учествува во политички извалканиот Меѓународен кривичен суд