Европски самит во Рим на кој треба да се роди нова ЕУ-27

Од:

Во италијанскиот главен град Рим денеска се одржува самит на Европската унија на кој треба да се роди нова ЕУ со 27 членки.

Според дипломатски извори до Брисел, целта на собирот ќе биде обновената интеграција која во својот фокус ќе го има единството, а не создавањето на Европа на повеќе брзини.

Самитот во главниот град на Италија ќе се одржи по повод 60-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор на кој се темели денешната ЕУ.

Се очекува лидерите на 27 земји да ги истакнат достигнувањата од Римската декларација во досегашните европски интеграции и да дадат насоки за идната ЕУ.

– Клучната порака од Рим треба да биде порака за единство, новото бебе треба да се нарекува единство, а не Европа со повеќе брзини, изјави дипломатски извор, додавајќи дека Европа со повеќе брзини треба да биде „предупредување, а не цел”.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп