Европски центар за дрога: Кокаинот сè подостапен во Европа

Од:

Кокаинот никогаш не бил толку достапен во Европа, со заплени кои достигнаа нов рекорд во 2018 година, а цената остана стабилна, наведува Европскиот центар за следење дрога и зависност од дрога (ЕМЦДДА).

„Индикаторите сугерираат дека достапноста на кокаин во Европа достигнува невидени нивоа“, предупредува европската агенција во годишниот извештај врз основа на податоците собрани во текот на 2018 година.

Заплените на кокаин достигнаа историско ниво во 2018 година со 181 тон, што е за 40 тони повеќе од претходната година. Бројот на заплени, кој изнесува 100.000, исто така е рекорден.

Во исто време, нивото на чистота на кокаинот се зголемува веќе десет години, додека неговата малопродажна цена „останува стабилна“.

Околу 4,3 милиони Европјани во текпот на 2018 година го конзумирале овој бел прав произведен главно во Колумбија, Боливија и Перу, така што кокаинот, по канабисот, е втора најпопуларна дрога во Европа и е на прво место меѓу стимулансите.

Главните земји за влез на кокаин се Белгија (53 тони), Шпанија (48 тони) и Холандија (40 тони).

Извештајот исто така покажува дека пандемијата на коронавирус влијаела на пазарот на наркотици. Трговците со дрога се свртеа кон поморскиот сообраќај, кој беше на исто ниво како и пред пандемијата, поради прекин на воздушниот сообраќај. Во исто време, препродавачите се преориентираа кон Интернетот, социјалните мрежи и доставувањето до дома.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани