Европската вселенска агенција (ЕВА) побара повеќе финансии од своите 22 земји членки што ќе бидат наменети за заеднички вселенски проекти.
– Патувањето во вселената е од суштинско значење за секојдневниот живот на Земјата, изјави генералниот директорот на ЕВА, Јан Вернер.
Тој има цел – зголемување на буџетот на ЕВА за најмалку 10 отсто во наредните три години. Вкупниот буџет на Европската вселенска агенција во 2019 беше 5,72 милијарди евра од кои 73 отсто беа од нејзините членки.
Франција е најголем финансиер со 1,2 милијарди евра, а веднаш по неа е Германија со 927 милиони евра. Финансиска поддршка дадоа и некои институционални партнери како што е Европската Унија.
На дводневната средба во Севиља целта е да се дебатира за разни проекти и да се донесе одлука за нивно финансирање. Меѓу проектите се и истражување на вселената и одбрана од астероиди.