Европската Унија ќе го зголеми придонесот за Ковакс на една милијарда евра

Од:

Европската Комисија потврди дека попладнево ќе најави предлага за двојно поголем придонес за механизмот Ковакс.

Како што изјави портпаролот на ЕК, Ерик Мамер, оваа најава треба да биде официјализирана денеска за време на состанокот на Г7 од претседателката Урсула фон дер Лајен.

Со овој предлог, придонесот на ЕУ треба да се зголеми на една милијарда евра за Ковакс.

Според истите извори ЕК ќе најави и придонес од сто милиони евра хуманитарна помош за африканскиот континент.

Седумте најмоќни блокови во светот на денешниот Г7 ќе разговараат за помошта за земјите со низок и среден приход во процесот на вакцинација, механизам познат како Ковакс.

За сега Ковакс не е функционален, надежта е дека до крајот на оваа година тој ќе проработи.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски