Европската комисија се мобилизира во борбата против коронавирусот

Од:
Пред видео самитот на шефовите на држави и влади на ЕУ што се одржува попладнево во Брисел и на кој еднинствена точка е борбата против Ковид-19, претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен имаше свое видео обраќање на кое ги најави темите на кои ќе се разговара.
Фон дер Лајен рече дека разговарала со италијанскиот премиер Џусепе Конте и му ја изразила нејзината поддршка за италијанскиот народ. Наскоро ќе се одржи видео средба со италијанските власти за да се најде најефикасниот начин да и се помогне на Италија и какви мерки се потребни.
Шефицата на ЕК констатираше дека многу сектори страдаат во овој момент и за нив треба помош.
Таа го цитираше како пример секторот на авиотранспортот на кој Ковид-19 има огромно влијание.
-Секојдневно го констатираме влијанието врз овој сектор и знаеме дека тоа ќе продолжи. Затоа ЕК сака брзо да усвои легислатива за аеродромските слотови (утврдени термини за полетување). Сакаме да им помогнеме на авиокомпаниите да ги сочуваат нивните аеро термини дури и ако не ги користат поради падот на авио сообраќајот, рече таа.
И додаде дека треба да се избегнуваат таканаречените „фантомски летови”,  летови во кои практично нема патници, но авио-компаниите ги користат за да не ги загубат аеродромските слотови.
Во ЕК забрзано се разгледуваат можни мерки за да се спречи ширењето на вирусот, како се забрза потрагата по соодветен третман и вакцини.
ЕК, исто така, одржала состанок со производителите на заштитни материјали. Во наредните денови е закажан разговор и со фармацевтската индустрија за снабдување со лекови и заштитни материјали.

Би можело да ве интересира

ЕК: Македонија ќе ги добие средствата за пред-финансирање што е можно поскоро

Европската Комисија го осуди денешниот руски ракетен во Киев

Горан Наумовски

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски

Мерсие: ЕК работи на исплата на првите средства од Планот за раст на Западниот Балкан

Рокас: Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа

Горан Наумовски

Европскиот парламент ја одобри новата Европска Комисија на Урсула фон дер Лајен