Европската комисија признава: Имаше грешки во стратегијата со вакцините

Од:

Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс призна дека Европската унија направила грешки во изготвувањето стратегијата за вакцинација против коронавирус за членките, јави агенцијата ДПА.

– Точно е дека имаше грешки во нарачките на вакцини во Брисел и во земјите-членки, рече Тимерманс во интервју за неделното издание на весникот „Тагесшпигел“.

– Подготвен сум на крајот од пандемијата да има преиспитување и тогаш можеме да видиме што погрешивме и што направивме добро, рече тој

Првото нешто што треба да се направи е да се обезбеди дека „сите Европејци ќе добијат вакцина“, рече Тимерманс.

Европскиот пристап „е во интерес на побогатите земји-членки“ како Германија, додаде во интервјуто претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Европската комисија нара; a вкупно најмалку 1,4 милијарди дози од четири вакцини одобрени во Унијата, што треба да биде повеќе од доволно за нејзините 450 милиони жители.

Но, таа е критикувана за колебливиот пристап и стратешките грешки при нарачка на вакцините.

Некои европски земји сметаат дека системот за дистрибуција на вакцини е неправеден.

Лидерите на пет членки на Европската унија вчера повикаа на разговори на високо ниво за фер дистрибуција на вакцините против коронавирусот, предупредувајќи дека сегашниот начин на работа на тој систем до летото може да создаде „големи разлики“ меѓу земјите членки.

Лидерите на Австрија, Бугарија, Летонија, Словенија и Чешка во писмо до функционери на ЕУ истакнаа дека сметаат оти сегашниот систем „може да продолжи да создава и продлабочува големи разлики меѓу земјите членки до ова лето, при што некои од нив ќе можат постигнат колективен имунитет за неколку недели, додека другите држави би можеле да заостанат далеку зад нив“.

Во писмото до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, функционерите на ЕУ се повикуваат „што е можно поскоро да одржат дебата за ова важно прашање“.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц вчера петокот рече дека вакцините не се делат пропорционално меѓу земјите-членки на ЕУ и оти се склучуваат дополнителни договори за снабдување со вакцини како резултат на нетранспарентни преговори меѓу лидерите на ЕУ.

Би можело да ве интересира

ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за земјава

Горан Наумовски

Европската Комисија подготвува нов пакет санкции против Русија

Горан Наумовски

ЕУ ќе и дава на Украина три милијарди евра профит годишно од замрзнатите руски фондови

Горан Наумовски

ЕК: Проширената ЕУ да не носи со себе нови предизвици во форма на нерешени билатерални спорови

ЕУ ги релаксира строгите климатски правила за да го смири гневот на земјоделците

Горан Наумовски

Европската Комисија препорача отворање на преговорите со Босна и Херцеговина