Европската Комисија повторно ја тужи Полска за нарушување на независноста на судството

Од:

Европската комисија денеска ја тужеше Полска пред највисокиот европски суд за нарушување на независноста на судиите, потег за кој Варшава вели дека е неоснован.

ЕК повторно му се обрати на Судот на правдата на ЕУ во врска со судските реформи во Полска, сега во врска со законот што стапи на сила во февруари 2020 година, за кој се смета дека ја нарушува независноста на судиите.

„Комисијата смета дека спорниот закон ја нарушува независноста на судството во Полска и не е во согласност со владеењето на правото во Унијата“, изјави европскиот комесар за правда Дидиер Рејндерс.

Извршното тело на ЕУ исто така бара од судот да преземе „привремени мерки“ за суспендирање на одлуките на дисциплинскиот совет на полскиот Врховен суд за укинување на имунитетот на судиите.

„Барањето на Европската комисија упатено до Судот на правдата нема никаква правна основа, а регулирањето на спроведувањето на правдата е исклучиво во национален домен“, напиша на Твитер полскиот министер за правда Пјотр Мулер.

– Ова произлегува директно од Уставот на Полска и договорот на Европската унија. Полските регулативи не се разликуваат од нормите што важат во Европската унија“, додаде тој.

Во понеделникот, премиерот Матеуш Моравиецки побара од Уставниот суд да донесе одлука за надмоќта на полскиот устав над законодавството на ЕУ.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Европската Комисија отворена за нови начини на финансирање на одбраната во Источна Европа

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

ЕУ ќе воведе контрамерки на американските царини

Европа подготвува контрамерки за американските царини

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Полското обвинителство обвини Украинец за шпионажа за Русија