Европската комисија најави 200 милиони евра инвестиции во европскиот вселенски сектор

Од:

Европската комисија денеска најави 200 милиони евра инвестиции заедно со Европската инвестициска банка за европскиот вселенски сектор.

Низа проекти и финансии ќе бидат склучени во текот на Европската конференција за вселенска политика што се одржува во Брисел денес и утре, со цел да се поддржат иновативните проекти во вселенската област.

Нашата посветеност кон вселенското истражување и иновација ја отсликува нашата амбиција да ја сместиме Европа на чело на развојот на вселенската технологија, изјави еврокомесарката за иновација, Марија Габриел.

Инвестицијата од 200 милиони евра се состои од два столба. Едниот е договор за заем помеѓу Европската инвестициска банка и Арианa Груп сто милиони евра за развојот на програмата на новата ракета Арианa 6.

Дополнително, Комисијата и Европскиот инвестициски фонд го најавија првиот технолошки фонд фокусиран на вселенскиот сектор и сто милиони евра за програмата ИновФин чија цел е специфична поддршка за растот и иновацијата на малите и средни претпријатија кои работат во вселенскиот сектор.

Овие најави претставуваа огромна промена за Европа во поддршката на Европската вселенска индустрија.

Комесарот за индустрија изјави дека “топло го поздравува“ заемот на Европската инвестициска банка за проектот Арианa 6, кој е централен за гарантирање на автономен европски пристап до вселената.

Второ со Инов Фин испраќаме јасен сигнал дека вселенскиот бизнис во Европа е атрактивна прилика, ова е клучна иницијатива за развојот на европските вселенски стартапи, изјави еврокомесарот за индустрија, Тиери Бретон.

Би можело да ве интересира

ЕК: Македонија ќе ги добие средствата за пред-финансирање што е можно поскоро

Европската Комисија го осуди денешниот руски ракетен во Киев

Горан Наумовски

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски

Мерсие: ЕК работи на исплата на првите средства од Планот за раст на Западниот Балкан

Рокас: Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа

Горан Наумовски

Европскиот парламент ја одобри новата Европска Комисија на Урсула фон дер Лајен