Европската комисија го прекинува договорот со Валнева за вакцината против Ковид-19

Од:

Европската Комисија преку портпаролот за здравство потврди дека го прекинува договорот со фармацевтската компанија Валнева, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Комисија склучи однапред договор со Валнева за набавка на вакцината против Ковид-19, како што тоа го стори и со сите други фармацевтски компании, но денеска соопшти дека ќе го прекине договорот.

Портпаролот за здравство на Европската Комисија, Стефан Де Керсмакер, ја потврди информацијата денеска на редовниот брифинг за новинари во Брисел, но не соопшти детали за причините.

Тој рече дека одлуката е донесена на ниво на управниот одбор на Европската агенција за лекови и дека одлуката е колективна. Валневна е информирана за информацијата и има до идниот месец да одговори и евентуално да понуди преодно решение.

Валнева изрази жалење поради оваа одлука и преку соопштение истакна дека компанијата не е обврзана да ги врати парите од набавката.

Валнева е француска фармацевтска компанија специјализирана во вакцини како полио и Лајм. Нејзината вакцина против Ковид-19 е одобрена во други земји, како Обединетото Кралство. Вакцината на оваа компанија е развиена по традиционален метод на деактивиран аденовирус, за разлика од Фајзер и Модерна кои развија мРНА вакцини.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕК: Македонија ќе ги добие средствата за пред-финансирање што е можно поскоро

Европската Комисија го осуди денешниот руски ракетен во Киев

Горан Наумовски

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски

Мерсие: ЕК работи на исплата на првите средства од Планот за раст на Западниот Балкан

Рокас: Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа

Горан Наумовски

Европскиот парламент ја одобри новата Европска Комисија на Урсула фон дер Лајен