Европската Комисија го осуди денешниот руски ракетен во Киев

Од:

Европската Комисија го осуди денешниот руски ракетен напад врз зграда во Киев во која се сместени шест странски дипломатски претставништва, меѓу кои и Македонската амбасада во Украина.

– Овој напад уште еднаш покажува дека криминалната природа на (рускиот претседател Владимир) Путин претставува опасност за Украина, за ЕУ и за нашата севкупна безбедност, изјави портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, запрашана дали ЕК има намера да вложи дипломатски протест до Русија, имајќи предвид дека меѓу дипломатските претставништва во ракетираната зграда има и амбасади на земји членки на ЕУ, Хипер само кусо одговори дека Комисијата „ќе ја процени ситуацијата и ќе реагира“.

Претходно, македонското Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека при нападот нема повредени меѓу нашиот дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата.

– Од страна на надлежните служби е извршен првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање, соопшти Министерството.

Би можело да ве интересира

Захарова: Режимот во Киев напаѓа и тероризира цивили

Лидерите на ЕУ повикуваат на зајакнување на конкурентноста, одбраната и поддршка во борбата против миграцијата

ЕУ ги одложи царините против Америка за еден месец

(ВИДЕО) Одмазда на Русија, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Захарова: Нуклеарните технологии во рацете на Киев претставуваат закана за целиот свет

ВИДЕО: Русија го нападна Киев со балистички ракети