Европратеничка не доби виза за влез во Русија

Од:

Летонската европратничка Сандра Калниете соопшти дека престојнава ноќ ќе ја мине на московскиот аеродорм „Шерметјево“, откако руските власти не и дозволиле да влезе во Русија.

– По два часа чекање ме информираа дека ми е ускратено правото за влез во Русија врз основа на член 27 алинеја 1 од нивниот кодекс. Побарав да ми кажат како точно гласи таа алинеја, но никој не можеше да ми објаси, изјави Калниете.

Таа информира дека допатувала во Москва со цел да присуствува на утрешниот погреб на убиениот руски опозициски лидер Борис Немцов.

Претходно денеска и  претседателот на полскиот Сенат, Богдан Борусевич соопшти дека руските власти на му издале виза за влез во Русија, каде имал намера да отпатува за погребот на Немцов.

Борусевич изјави дека е изненаден од одлуката на Москва да не му издаде виза, додаваји дека со присуството на погребот само сакал „да му изрази почит на Немцов и на сите Руси што размислуваат како него“.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот