Европол: Упасени над 500 луѓе, запленети 2,8 тони кокаин

Од:

Европската полиција уапси над 500 лица и заплени повеќе од 2,8 тони кокаин, како и стотина возила во низа акции против организираниот криминал, соопшти денеска Европол.

Полициите на 28. земји-членки на Европска унија и други држави во периодот од 4 мај до 24 јуни покренаа акции во 260 места.

– Полициите и царините запленија 390 возила и речиси 1.300 тони украден метал, како и 110 килограми хероин, посочи Европол.

Операциите беа насочени кон трговијата со контејнери, трговците со наркотици кои во Европа пристигнуваат со авиони од Јужна Америка, како и кон „секојдневните“ пратки со дрога од Пакистан и од Авганистан.

Во операцијата се уапсени и неколку трговци со луѓе и откриено е засолниште за илегални имигранти во Унгарија.

Би можело да ве интересира

Европол: 14 лица уапсени во Шпанија и Португалија за перење пари

Европол: Полицијата во Молдавија уапси три лица поради врски со Вагнер групата

Европол: Откриена е илегалната банкарска мрежа предводена од двајца Украинци

Европол: Откриен синџир на трговија со кокаин, запленети 5,8 тони дрога, уапсени 32 лица

Објавени нови слики од шефот на Кавачки клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски

Европол ја разоткри криминалната платформа „Дух“, уапси 51 лице

Горан Наумовски