Европските полиции, во неколку акции против организираниот криминал на европско тло, уапсиле над 500 лица и конфискувале над 2,8 тона кокаин и стотици превозни средства, соопшти европската полициска служба Европол, пренесува БТА.
Полициите на 28-те земји членки на ЕУ, во периодот меѓу 2 мај и 24 јуни, спровеле акции на 260 места во рамки на операцијата „Син килибар“, се наведува во соопштението на Европол.
Полицајци и цариници конфискувале 390 моторни превозни средства и приближно 1.300 тони украден метал, како и 110 килограми хероин.
Акциите биле насочени против различни видови шверц, реализиран со контејнери, преку нарко шврецери, кои во Европа доаѓаат со авиони од Јужна Америка, или секојдневно испраќаат пакети со дрога од Авганистан и Пакистан, се наведува во соопштението.
„Начините на криење се многу разнообразни, од криење на кокаин во облека до криење на хероин во медицински инструменти“, прецизира Европол.
Операцијата на Европол довела и до приведување на повеќе шверцери на луѓе и до откривање на засилништа на незаконски имигранти во Унгарија.