Европол: Уапсени хакери кои украле 100 милиони долари во криптовалути

Од:

Европол денеска соопшти дека помогнал во апсење на десетмина осомничени за кражба на криптовалути во износ од 100 милиони американски долари преку системот „размена на СИМ картички“ што им овозможил на осомничените пристап до телефоните на нивните жртви.

Вкупно осуммина криминалци беа уапсени вчера како резултат на меѓународната истрага за неколку хакерски напади врз јавни личности во Соединетите Американски Држави, по претходното апсење на две лица на Малта и во Белгија, кои припаѓале на оваа криминална мрежа.

„Оваа банда за организиран криминал беше насочена кон илјадници жртви во САД во текот на 2020 година, вклучувајќи познати личности, спортски sвезди, музичари и нивните семејства, а се верува дека криминалците украле над 100 милиони долари во криптовалути, откако нелегално добиле пристап до нивните телефони“, се наведува во соопштението на Европол.

Европол прецизираше дека истрагата открила дека група од десетина криминалци работеле заедно за да пристапат до телефонските броеви на жртвите и да ги сменат лозинките за да ја преземат контролата над нивните апликации или налози, што им овозможило да украдат пари, криптовалути и лични податоци.

„Апсењата се извршени по истрагата спроведена во соработка со Велика Британија, САД, Белгија, Малта и Канада“, соопшти Европол.

Би можело да ве интересира

Објавени нови слики од шефот на Кавачки клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски

Европол ја разоткри криминалната платформа „Дух“, уапси 51 лице

Горан Наумовски

Лажни покани за наводна истрага, измамници се претставувале во име на МВР и ЕВРОПОЛ

Карабинерите открија печатница за фалсификувани пари

Исчезнаа тајните документи од Европол: „Ова е сериозен инцидент“

Низ светот местеле натпревари и мамеле обложувалници, Европол уапси 53 осомничени