Европол: Уапсени 43 лица при акција за разбивање на организирана криминална група

Од:

Во координирана меѓународна полициска операција во неколку земји од Европската унија, се уапсени 43 лица поради поврзаност со организиран криминал, соопшти денеска Европол.

Во соопштението се посочува дека со акцијата, спроведена на 25 септември, била разбиена криминална група што, меѓу другото, се занимавала со производство и трговија на наркотици, шверц на оружје и цигари и кражба на луксузни возила.

Операцијата истовремено била изведена во Германија, Холандија и Полска, од страна на припадниците на полицијата и правосудните органи со поддршка од Европол и Евроџаст.

– Повеќе од 330 полицајци извршија претрес на 75 објекти во Полска, каде се уапсени 43 лица и се запленети оружје, значително количество наркотици, фалсификувани пари, како и цигари без бандероли, наведе Европол.

Осомничените се товарат за повеќе кривични дела, вклучително и за организиран криминал, производство на повеќе од 900 килограми амфетамин, нелегално поседување оружје и муниција и кражба на луксузни автомобили.

Би можело да ве интересира

Европол: 14 лица уапсени во Шпанија и Португалија за перење пари

Европол: Полицијата во Молдавија уапси три лица поради врски со Вагнер групата

Европол: Откриена е илегалната банкарска мрежа предводена од двајца Украинци

Европол: Откриен синџир на трговија со кокаин, запленети 5,8 тони дрога, уапсени 32 лица

Објавени нови слики од шефот на Кавачки клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски

Европол ја разоткри криминалната платформа „Дух“, уапси 51 лице

Горан Наумовски