Европол спроведе голема акција против шверц на ретки видови

Од:

При голема полициска акција, извршена во 62 земји во Европа, Африка, Азија и Америка, биле спасени стотици ретки видови, материјали од диви животни во исчезнување и растенија, соопшти Европол, јави ТАСС.

Операцијата на полициската служба на ЕУ, со седиште во Хаг, се одвивала во две фази од средината на март до крајот на мај под кодно име „Кобра 3“ и била насочена против незаконската трговија со ретки животни и растителни видови.

Во рамки на операцијата, само во Европа се конфискувани 11.500 илјади живи и мртви примероци од различни животни, над 6.000 вредни растителни видови. Освен тоа се запленети 100.000 таблети со традиционални азиски лекови, изготвени од рог на носорог и слонова коска, 12 тони слонова коска и 119 рогови од носорози.

– Илегалната трговија со видови во исчезнување од флората и фауната, останува сериозен проблем во Европа и надвор од неа. Шверцот на ретки видови најчесто се остварува од организирани криминални групи, кои дејствуваат во цел свет и добиваат огромен профит од својата незаконска дејност, рече директорот на Европол Роб Вејнрајт.

Би можело да ве интересира

Објавени нови слики од шефот на Кавачки клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски

Европол ја разоткри криминалната платформа „Дух“, уапси 51 лице

Горан Наумовски

Лажни покани за наводна истрага, измамници се претставувале во име на МВР и ЕВРОПОЛ

Карабинерите открија печатница за фалсификувани пари

Исчезнаа тајните документи од Европол: „Ова е сериозен инцидент“

Низ светот местеле натпревари и мамеле обложувалници, Европол уапси 53 осомничени