Европол разби криминална банда што извршила интернет измами во 30 земји

Од:

 Европол разби мрежа на интернет измамници кои се претставувале како Европската агенција за борба против криминалот и национални полиции и на тој начин успеале да соберат милиони евра од лажни казни, јави БТА.

Групата дејствувала во 30 земји во изминатите две години. Таа ги парализирала комјутерите со вирус и оставала лажни соопштенија од организации како Европол и национални полиции, дека корисниците може да пристапат на компјутерот само доколку ги латат казните.

– Невозможно е да се утврди колку граѓани се измамени, но сметаме дека станува збор за стотици илјади граѓани. Ако претпоставиме дека просечната казна е 100 евра и дека три проценти ја платиле, тогаш штетата изнесува милиони евра, изјави директорот на Европол Роб Вејнрајт.

Лидер на бандата бил 27-годишен Русин, кој е уапсен во Обединетите Арапски Емирати во декември. Шпанската полиција уапсил 10 лица од групата минатата недела во одморалиштето Коста дел Сол. Меѓу нив имало шестмина Руси, двајца Украинци и двајца Грузијци.

Би можело да ве интересира

Објавени нови слики од шефот на Кавачки клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски

Европол ја разоткри криминалната платформа „Дух“, уапси 51 лице

Горан Наумовски

Лажни покани за наводна истрага, измамници се претставувале во име на МВР и ЕВРОПОЛ

Карабинерите открија печатница за фалсификувани пари

Исчезнаа тајните документи од Европол: „Ова е сериозен инцидент“

Низ светот местеле натпревари и мамеле обложувалници, Европол уапси 53 осомничени