Европол: Приведени 26 лица поради криумчарење мигранти

Од:

Во Белгија и Франција уапсени се 26 лица, членови на криминална мрежа, заради криумчарење илегални мигранти и при тоа конфискувани се три возила, пари и електронска опрема, објави Европол.

Операцијата ја спроведе полицијата на Белгија и Франција со помош на Европол, а при претрес на 27 куќи пронајдени се 21 мигрант кои се пренесени на безбедно.

Криминалната група е осомничена за транспорт на мигранти, претежно од Виетнам преку Белгија и Франција во Велика Британија и се верува дека криела мигранти пред да бидат оставени на нивната крајна дестинација преку Ла Манш.

Неколку месеци групата пренесувала неколку десетици мигранти дневно, а криминалните активности биле делумно опасни поради транспортните услови.

Би можело да ве интересира

Европол: 14 лица уапсени во Шпанија и Португалија за перење пари

Европол: Полицијата во Молдавија уапси три лица поради врски со Вагнер групата

Европол: Откриена е илегалната банкарска мрежа предводена од двајца Украинци

Европол: Откриен синџир на трговија со кокаин, запленети 5,8 тони дрога, уапсени 32 лица

Објавени нови слики од шефот на Кавачки клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски

Европол ја разоткри криминалната платформа „Дух“, уапси 51 лице

Горан Наумовски