Европол предупредува дека во ЕУ има повеќе од 5.000 организирани криминални групи

Од:

Европол го издаде новиот извештај во кој што стои дека во Европа во моментов функционираат најмалку 5.000 групи на организиран криминал.

Овие групи се занимаваат со криумчарење на луѓе, дигитални напади врз компании, а повеќе од една третина од нив се занимава со трговија и продажба на дрога.

Европол исто така има идентификувано нови 17.500 поединци кои што се осомничени за криумчарење на луѓе преку граници. Тие се додадени на списокот на кој што од 2014. година до сега има повеќе од 50.000 лица.

Според последниот извештај, технологијата станала примарно оружје со чија помош се кршат законите, додека со криумчарење дрога се заработуваат преку 24 милијарди евра годишно.

Во годишниот извештај од 2013. година, Европол утврдил дека има околу 3.600 меѓународни групи на организиран криминал во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Објавени нови слики од шефот на Кавачки клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски

Европол ја разоткри криминалната платформа „Дух“, уапси 51 лице

Горан Наумовски

Лажни покани за наводна истрага, измамници се претставувале во име на МВР и ЕВРОПОЛ

Карабинерите открија печатница за фалсификувани пари

Исчезнаа тајните документи од Европол: „Ова е сериозен инцидент“

Низ светот местеле натпревари и мамеле обложувалници, Европол уапси 53 осомничени