Најновата стратешка анализа на европската полиција Европол покажува раст на бројот на терористички напади и апсења поврзани со тероризам во Европска унија во текот на минатата година.
Според извештајот на Европол, опасноста од тероризмот во Европа останува силна и разновидна, главните терористички активности се вршат на интернет.
Изминатата година на територијата на ЕУ извршени се 219 терористички напади, 537 лица се уапсени под сомнение за вклученост во тероризам, додека 17 лица ги загубиле животите.
Во извештајот на Интерпол се наведуваат терористичкиот напад на аеродромот во Бургас, во Бугарија, нападот во Франција во кој загинаа 14 лица и одвоени напади во Белгија, Франција и Северна Ирска.