Европол: Последиците од пандемијата можат да влијаат на радикализација

Од:

Рестриктивните мерки кои се воведени поради спречување на пандемијата на новиот коронавирус би можеле да поттикнат радикализација, предупредува Европол, укажувајќи на зголемување на насилството од екстремната десница и екстремната левица во изминатата една година.

Економските и општествените последици би можеле да „поттикнат радикализација од поединци, независно на нивните идеолошки верувања“, наведува извршната директорка на европската полициска агенција, Катрин де Бол во извештајот „Ситуации и тенденции на тероризмот“.

– Активисти на екстремната левица, како и на екстремната десница, и оние кои се вмешани во џихадистички тероризам, се обидуваат да ја искористат можноста, која ја создаде пандемијата, истакна Де Бол.

Таа смета дека екстремно десничарските мрежи, дури и ако не вршат насилни дела, поттикнуваат штетна атмосфера.

– Таква атмосфера изградена на ксенофобија, омраза кон Евреите и муслиманите и антимигрантските чувства, може да доведе до насилство на радикализирани поединци, како што можевме да видиме во изминативе месеци, нагласи Катрин де Бол.

Би можело да ве интересира

Европол: 14 лица уапсени во Шпанија и Португалија за перење пари

Европол: Полицијата во Молдавија уапси три лица поради врски со Вагнер групата

Европол: Откриена е илегалната банкарска мрежа предводена од двајца Украинци

Европол: Откриен синџир на трговија со кокаин, запленети 5,8 тони дрога, уапсени 32 лица

Објавени нови слики од шефот на Кавачки клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски

Европол ја разоткри криминалната платформа „Дух“, уапси 51 лице

Горан Наумовски