Европол отвори Европски центар за борба против кријумчарење на мигранти

Од:

Европол денеска отвори нов Европски центар за борба против кријумчарење на мигранти (ЕМСЦ) во рамките на напорите на Европска унија да се справи со бегалската криза.

Директорот на Европол, Роб Вејнрајт изјави дека се проценува од девет од десет баратели на азил во Европа пристигнале преку криминалните мрежи за кријумчарење на мигранти.

– Новиот центар во седиштето на Европол во Хаг ќе им помогне на земјите-членки на ЕУ да ја подобрат размената на информации и оперативната координација во борба против организираното кријумчарење на мигранти, посочи Вејнрајт.

Еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос истакна дека борбата против кријумчарење на мигранти е приоритет на ЕУ во борба против бегалската криза.

– Формирањето на овој центар ќе ја зајакне соработката меѓу земјите-членки, со меѓународните организации, националните актери и европските агенции задолжени за борба против кријумчарење на луѓе, посочи Аврамопулос.

Според Европол криминалните мрежи за кријумчарење на луѓе заработиле од три до шест милијарди евра годишно, кога во Европа пристигнале повеќе од милион мигранти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Објавени нови слики од шефот на Кавачки клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ