Европол: Кибер криминалот и тероризмот главни закани за светот

Од:

Кибер криминалот заедно со тероризмот се главните закани за безбедноста на современото општество, изјави синоќа директорот на Европската полициска организација (Европол), Роб Вејнрајт.

– Заканата преку интернет е огромна. Таа денес е најголема закана за безбедност заедно со тероризмот. Таа се претвори во светски проблем и нам ни е потребен глобален инструмет за справување со неа, изјави Вејнрајт, најавувајќи создавање на глобална платформа за борба против кибер криминалот.

Како главни форми на кибер криминалот Вејнрајт ги посочи хакерските напади, дистрибуцијата на педофилски и порнографски содржини, кражбата на лични податоци и компјутерските измами.

Создавањето на платформата за борба против кибер криминалот наречена „Глобален форум за кибер експертиза“, Вејнрајт го најави на средбата за кибернетската безбедност што се одржува во холандскиот град Хаг. На собиорт учествуваат над 1.500 претставници на речиси сто држави, меѓународни организации и ИТ компании.

Би можело да ве интересира

Романски хакери украле над 106 милиони евра од сметките на 708 луѓе во Европа

А1он

Укринформ: Украински сајбер експерти ги хакирале серверите на руската Дума и на Уставниот суд

Хакери ја нападнале фирмата „Пристаниште Риека“, украле голем број доверливи информации

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Загреб: Хакерите ги оставија пациентите без зрачење, а сега се уште бараат откуп за украдените податоци

Горан Наумовски