Европол има информација за 30.000 осомничени шверцери со луѓе кон Европа

Од:

Можно е околу 30.000 лица да се вмешани во криумчарски групи, кои бараат од бегалците илјадници евра за да ги пренесат во Европа, изјави шефот на европската полициска агенција Европол, Роб Вејнрајт.

– Откривањето на 71 тело минатиот месец во камион во Австрија го натера Европол да спроведе голема операција против трговијата со луѓе и за идентификување на осомничените, кои се многу повеќе отколку што агенцијата претпоставуваше, истакна Вејнрајт.

Тој наведува дека оваа година се собрани податоци за околу 30.000 осомничени криминалци и нивни соучесници.

– Европол, кој има околу 950 службеници, вработени во Хаг, координира 1.400 различни истраги за шверц со луѓе од целиот континент, тврди шефот на европската полиција.

Би можело да ве интересира

Европол: 14 лица уапсени во Шпанија и Португалија за перење пари

Европол: Полицијата во Молдавија уапси три лица поради врски со Вагнер групата

Европол: Откриена е илегалната банкарска мрежа предводена од двајца Украинци

Европол: Откриен синџир на трговија со кокаин, запленети 5,8 тони дрога, уапсени 32 лица

Објавени нови слики од шефот на Кавачки клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски

Европол ја разоткри криминалната платформа „Дух“, уапси 51 лице

Горан Наумовски