Европејците не и веруваат на ЕУ

Од:

Последното спроведено истражување на американскиот институт „Пју“ покажува дека граѓаните ја изгубиле довербата во ЕУ како резултат на должничката криза.

Резултатите покажуваат дека одобрувањето за ЕУ опаднало за 15 проценти за една година, односно од 60 проценти во 2012, на 45 проценти оваа година.

На прашањето во однос на состојбата на економијата, 91 отсто од Французите сметаат дека нивната економија оди во лоша насока, што е за десет проценти повеќе во споредба со минатата година.

На прашањето дали економските услови се добри, едвај еден процент од Грците, три отсто од Италијанците, четири проценти од Шпанците, девет од Французите одговориле позитивно.

Само во Германија 75 проценти ги определуваат сегашните економски услови како позитивни.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија