„Евроњуз“ го прикажа Путин како Хитлер

Од:

Москва ќе го бара извештајот од телевизиската станица „Евроњуз“, на која што се прикажани украински војници со стилизирани фотографии од рускиот претседател Владимир Путин, на кои тој изгледа како Хитлер.

Претставници на владеачката Единствена Русија, бараат случајот да се истражи, бидејќи снимката е навреда за Путин и целиот руски народ кој ги преживеат злосторствата од Втората светска војна.

-Случајот е необичен за кој било медиум, а особено за канал како што е „Евроњуз“- рече претставник на агенцијата за надзор на телевизиската програма, Вадим Ампеловски, кој не потврди дали емитувањето на овој канал во Русија ќе биде суспендирано.

Претставник на „Евроњуз“ во Русија, Пјотр Федоров рече дека телевизијата за која работи немала намера да навреди никого, ниту кога објавувала монтирани фотографии од американскиот претседател, Барак Обама со уши од магаре или од германската канцеларка Ангела Меркел во нацистичка униформа.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија