Еврокомисијата подготви алатки за подобра одбрана на ЕУ од кибер-напади

Од:

Европската комисија и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини денеска предложија широк спектар на мерки за засилување на капацитетот на кибер-безбедноста на Европската унија, вклучувајќи и алатки за Европејците подобро да се справат со кибер-нападите, јави дописникот на МИА од Брисел.

Заедно со предлогот за силна агенција за кибер-безбедноста на ЕУ, Европската комисија и Могерини предлагаат нова европска шема за сертификација која ќе обезбеди производите и услугите во дигиталниот свет да бидат безбедни од сајбер-напади, како и мерки за борба против измами и фалсификување безготовински средства за плаќање.

За да го отклучи целосниот потенцијал на економијата на податоци во ЕУ, Еврокомисијата дополнително предлага нов сет правила за регулирање на слободниот проток на не-лични податоци во Унијата.

Заедно со веќе постојните правила за лични податоци, новите мерки ќе овозможат складирање и обработка на не-лични податоци во ЕУ и зголемување на конкурентноста на европските бизниси, како и модернизирање на јавните услуги на ефективниот единствен пазар на ЕУ за услуги за податочни услуги.

Во овој контекст, во своето годишно обраќање за состојбата во Европската унија, минатата недела, претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер изјави дека во изминатите три години е постигнат напредок во зачувувањето на безбедноста на интернетот на Европејците, но посочи дека Европа сè уште не е добро опремена кога станува збор за одбрана од кибер-напади.

– Ова е причината зошто Комисијата предлага нови алатки, вклучувајќи ја и Европската агенција за кибер-безбедност, за да ни помогне на сите да се одбраниме од такви напади, потенцираше Јункер.

Според официјалните податоци на Европската комисија од минатата година, Русија и Кина се државите од каде доаѓале најголемиот дел од кибер-нападите врз Европската унија.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он