Еврокомисијата отворена за сите предлози за миграцијата

Од:

Европската комисија е отворена за сите предлози околу прашањето за миграцијата, соопшти денеска претставник на извршното тело на ЕУ, коментирајќи ги предлозите за отворање кампови за сместување на мигрнатите надвор од територијата на Европа.

– Отворени сме за нови идеи од државите од ЕУ. Но, за нас е значајно тие идеи да се во согласност со основните европски вредности, нагласи портпаролот на Европската комисија.

Тој истакна дека во последниве години биле изнесени многу предлози околу миграцијата, при што досега е постигнат „огромен напредок“ по тоа прашање.

– Очекуваме Европскиот совет (на Самитот) овој месец да даде политички насоки за чувствителните прашања, нагласи портпаролот, додавајќи дека на прописите за миграцијата се работи веќе осум години,

Предлозите за отворање кампови за сместување на мигрнатите надвор од територијата на Европа дојдоа од Данска, Австрија и Италија, додека белгискиот државен секретар за азил и миграција Тео Франкен предложи ЕУ да „најде начин да ја заобиколи Европската конвенција за човекови права“ и да ги протерува мигрантите што ќе пристигнат на нејзина територија.

На предлогот на Франкен реагираше еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Димитрис Аврамопулс, кој нагласи дека тоа никогаш нема да се случи, бидејќи ЕУ ја почитува Женевската конвенција.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он