Еврокомисијата не сака да ги коментира заканите на Ердоган

Од:

Претставник на Европската комисија денеска одби да ги коментира заканите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, дека Турција би можела ја отвори границата кон ЕУ за трите милиони мигранти кои се наоѓаат на турска територија.

– ЕК не се занимава со хипотетички сценарија. Ние сме целосно посветени на исполнување на спогодбата за миграција со Турција, што е неопходно за заемната доверба и постигање резултати. Очекуваме сите да се држат до договореното. Ќе направиме се што е во наша моќ спогодбата да успее, рече претставникот на ЕК.

Како што, јави БТА, тоj исто така потсети и дека се уште не се исполнети седум од 72-та критериуми за укинување на визите за турските граѓани за влез во ЕУ.

– Прашањето околу дефиницијата за тероризам во турското законодавство е директно поврзано и со визите. Работиме неуморно за изнаоѓање решение и покрај стравувањата дека тој процес се ближи кон ќорсокак, појасни тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски