Европската комисија апелира до Малта да дозволи танкер со 102 имигранти да влезе во нејзините територијални води и да ги истовари патниците.
Еврокомисијата оценува дека на прво место е грижата за безбедноста на патниците, меѓу кои има четири бремени жени, а на една жена и е потребна лекарска помош. Комисијата наведува дека враќањето на имигрантите во Либија, од каде доаѓаат, „би било спротивно на меѓународното право“.
Танкерот регистриран во Либерија, се наоаѓа на 24 милји од брегот на Малта. Владата во Ла Валета вчера не дозволи танкерот да влезе во територијалните води на Малта.