Евакуирани 700 лица поради пожар на шпанскиот остров Мајорка

Од:

Силен природен пожар зафати вчера површина од околу 2.000 хектари на шпанскиот остров Мајорка во Средоземното Море.

Во текот на ноќта е извршена евакуација на 700 жители на планинското село Естеленкс, соопшти Серхи Торандел, шеф на локалната служба за вонредни ситуации.

Повредени нема, но огнот се заканува на областите со најскапи куќи на островот, истакна Торандел. Според властите ова е најсериозниот пожар на Мајорка во изминатите 20 години.

Во гаснењето на пожарот учествуваат околу 300 пожарникари, спасувачи и шумски службеници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски