ЕУ воведе нови санкции врз Иран поради кршење на човековите права

Од:

Европската унија денеска воведе санкции врз единиците на иранската полиција кои го контролираат Интернетот, како и некои судии и медиумски магнати, кои ги обвинува за кршење на човековите права во земјата.

Санкциите се одговор на зголемената загриженост поради состојбата на човековите права во Иран и се воведуваат независно од мерките наметнати врз Техеран поради неговата нуклеарна програма.

Меѓу судиите кои се најдоа на оваа листа се и Мортеза Кјасати, која изрече смртни казни за четири арапски политички затвореници во Иран, Мухамед Сарафраз, директор на иранската државна телевизија ИРИБ и телевизијата на англиски јазик „Прес“ поради наводната соработка со безбедносните служби и обвинителството за емитување на изнудени признанија на затвореници.

ЕУ со новите мерки го опфати и шефот на организацијата на иранската влада задолжена за цензура на Интернет и борба против сајбер криминалот Абдулсамад Хорамабади. Според ЕУ сајбер полициската единица наметнала нови правила на интернет кафулињата со кои се бара од корисниците да давата лични информации кои ќе бидат чувани во период од шест месеци.

Иранските власти изминатиот период ја зајакнаа контролата врз Интернетот, блокирајќи го користењето на поголемиот дел „виртуелни приватни мрежи“, кои голем дел од Иранците ги користат за избегнување на владиниот „филтер“ на Интернет.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он