ЕУ воведе нови санкции кон Иран поради кршење на човековите права

Од:

Министрите за надворешни работи од земјите на ЕУ денеска воведоа нови санкции кон Иран поради кршење на човековите права, јави ДПА.

Забрани за патување и замрзнување на банкарските сметки се воведени за девет лица. Средствата на институции од јавниот сектор, кои исто така се поврзани со непочитување на правата, ќе бидат замрзнати, изјавија дипломати во Брисел.

Имињата на институциите и поединците ќе бидат објавени утре во Службениот весник на ЕУ, кога санкциите ќе стапат во сила.

Шефовите на дипломатиите, исто така, денеска ги продолжија за една година претходните санкции против Иран за кршење на човековите права, кои ќе траат до април 2014 година. Вкупно 87 лица сега се соочуваат со забрани за патување и сметките им се замрзнати.

Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд ги поздрави преземените мерки против Иран, сметајќи ги за „апсолутно оправдани“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија