ЕУ воведе четврти пакет санкции против Белорусија

Од:

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел официјално го потврди воведувањето на четвртиот пакет санкции против Белорусија. Во него се вклучени 86 физички и правни лица, напиша Мишел на својот профил на Твитер.

– ЕУ денеска испрати нов силен сигнал за поддршка на народот во Белорусија, воведувајќи нови ограничувачки мерки. Нашата порака до режимот веројатно не може да биде погрешно разбрана: да се ослободат сите политички затвореници, да се стави крај на секоја натамошна репресија и да се започне сеопфатен национален дијалог, се вели во соопштението.

Одлуката за четвртиот пакет санкции беше донесена претходно на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург. Високиот комесар на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел по пристигнувањето на состанокот истакна дека санкциите ќе влијаат на 86 физички и правни лица од Белорусија.

Раководството на ЕУ се сомнева дека четвртиот пакет индивидуални санкции ќе биде поефикасен од претходните, затоа Европската унија се подготвува во наредните денови да донесе првпат економски секторски санкции против Минск. Според Борел, за нив ќе се разговара за време на самитот на ЕУ на 24 и 25 јуни во Брисел.

Советот „едногласно одлучил да воведе санкции за седум сектори на белоруската економија, со цел да влијае на изворите на финансирање на режимот на Лукашенко“.

Европската унија ги започна подготовките за четвртиот пакет санкции против Белорусија на почетокот на оваа година, но ова прашање беше реализирано во пракса по инцидентот со авионот на „Рајанер“ во Минск и апсењето на новинарот Роман Протасевич.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија