ЕУ: Војската на Египет да ја почитува власта

Од:

Министрите за надворешни работи на ЕУ ја повикаа египетската војска да не се меша и да дозволи мирна транзиција на цивилната власт, откако го отповикаа Морси.

Изразувајќи длабока загриженост поради случувањата во Египет, министрите наведоа дека вооружените сили не треба да имаат политичка улога во демократското општество.

Наместо тоа војската мора да ги прифати и почитува уставната и цивилната власт, како основни принципи.

Високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон неодамна го посети Египет и изрази жалење бидејќи не беше во можност да се сретне со отповиканиот претседател Мохамед Морси и на привремената власт и порача дека ЕУ сака брзо враќање на демократскиот процес.

Министрите на ЕУ денес побараа Египет да престане со политички мотивирани апсења.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро