ЕУ: Сослушувањето на Унгарија не е лов на вештерки

Од:

Финското претседателство на Европска Унија ги отфрли обвинувањата на унгарската Влада дека денешното сослушување за состојбата на правната држава во Унгарија претставува „лов на вештерки“.

Тити Тупураинен, финската министерка за европски прашања и претседавач на денешниот Совет за општи работи на кој министрите на ЕУ ја сослушуваа унгарската министерка за правда, Јудит Варга, порача дека дискусијата се одвивала во продуктивен и кооперативен дух, но дека се донесени само процедурални заклучоци и дека не е за сега закажано ново сослушување, ниту можеше да гарантира дека ќе има под финско претседателство.

Унгарските власти во медиумите и на социјалните мрежи ги обвинија „про-имиграциските“ сили во ЕУ дека спроведуваат „лов на вештерки“ со денешното сослушување, иако тоа претставува обврска на Советот откако Европскиот Парламент ја активираше оваа процедура, наречена „член седум“ пред една година.

Потпретседателот на Европската Комисија задолжен за владеењето на правото во ЕУ, Франс Тимерманс, исто така се осврна на унгарските обвинувања на денешната прес конференција.

– Од моето лично искуство можам да кажам дека унгарските претставници секогаш биле љубезни и пријатни кога сме биле очи в очи, но потоа ќе отидат дома и ќе видам што кажуваат за мене во медиумите и на социјалните мрежи и се прашувам дали е тоа истата личност со која сум зборувам, тоа што го кажуваат кога се сретнуваат со нас и тоа што го кажуваат во медиумите е многу различно, рече Тимерманс.

Тој му се заблагодари на финското претседателство за неговата „силна заложба“ кон владеењето на правото.

Откако Европскиот Парламент гласаше за активирање на членот седум кој може да доведе до суспензија на правото на глас на засегната земја членка, обвинета дека ги прекршува начелата на правната држава, ниедно од двете претседателства, Австрија и Романија, не свикаа сослушување со Унгарија.

– Многу сум му благодарен на финското претседателство што му даде висок профил на ова прашање некогаш под силни напади и критики на другите, но Финска со право заклучи дека без почитување на владеењето на правото, нема Европска Унија, изјави Тимерманс.

Тој ги предупреди земјите членки кои се наоѓаат под прекршочни процедури, како Унгарија, но и Полска, дека фактот што тој заминува од оваа функција за да стане комесар за климатските прашања не значи дека новата Европска Комисија нема да продолжи да ги води овие предмети „со истата одлучност“.

Пред денешниот состанок, европратениците се пожалија дека не биле поканети на сослушувањето, но финската министерка вети дека ќе го информира Европскиот Парламент за дебатата и дека волјата на европратениците мора да се земе предвид.

Потпретседателот Тимерманс, од своја страна, предложи да се разгледа опцијата да бидат поканети и претставниците на граѓанското општество.

– Ова би му било од помош на Советот, денеска се покажа дека има волја од страна на земјите членки да поставуваат прашања, истакна Тимерманс.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски