ЕУ со предупредување до Италија да ја зачува политичката стабилност

Од:

Официјални лица од Европската унија ја предупредија денеска Италија да не дозволува политиката да ја уишти песпективата за опоравување на економијата.

Европскиот комесар за економија Оли Рен и претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо го поддржаа премиерот Енрико Лета кој исто така денеска апелираше на стабилност пред гласањето во Сенатот кој в среда треба да одлучи дали Силвио Берлускони ќе биде исклучен од парламентот заради пресуда за даночни малверзации.

– Мислам дека од клучна важност е да се одржи политичката стабилност во државата за да се обезбеди опоравување, и поради податоците кои покажуваат дека економијата е релативно слаба без јасни индиции дека се враќа во раст, наведе Рен за италијанскиот весник Соле 24 оре. Сојузниците на Берлускони од десниот центар се заканија дека ќе ја соборат владата ако в среда во Сенатот се гласа против него.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп