ЕУ со помош од речиси 3 милиони евра за украинските ученици мигранти

Од:

Преку прераспределување на фондови, Европската Унија ќе обезбеди 2,9 милиони евра за украинските деца кои се наоѓаат во училиштата ширум ЕУ поради војната, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова денеска го најави Европската Комисија. Фондовите доаѓаат од програмата за училишта на ЕУ, чија цел е подобрување на исхраната за учениците во Европа. Од оваа програма се прераспределуваат 2,9 милиони евра за да им се пружа помош на украинските ученици во европските школи.

Програмата од каде се влечат фондовите изнесува вкупно 220,8 милиони евра, од кои над 130 милиони се алоцираат за зеленчук и овошје, а 90,1 милиони за млеко за децата во училиштата.

Европската Комисија бара од земјите членки на ЕУ, кои ја финансираат оваа програма, да ги ревидираат нивните барања согласно политичкиот контекст и нападот на Русија врз Украина за да се олесни товарот врз државите кои примаат украински бегалци.

Комисијата соопшти дека оваа редистрибуција на фондовите ја прави врз основа на барања на земјите членки на ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

Макрон: Целта на Франција е да изгради цврст, траен мир во Украина

Зеленски: Се надевам дека војната ќе заврши оваа година

Трамп: Конфликтот во Украина може да доведе до Трета светска војна

Макрон: Некои европски земји би биле подготвени да имаат мировни сили во Украина

Фон дер Лајен: Украина може да стане членка на ЕУ и пред 2030 година доколку продолжи со реформите