ЕУ со остри критики за протерувањето на нејзиниот амбасадор од ДР Конго

Од:

Европската Унија остро се спротивставува на барањето за протерување на својот амбасадор од Демократската Република Конго на барање на Владата во Киншаса.

Конгоанскиот министер за надворешни работи, Леонард Ше Окитунду, вчера му даде 48 часа на претставникот на ЕУ во Киншаса, Барт Уври, да ја напушти државата. Одлуката на Владата е „одговор“ на обновените европски санкции на 10 декември против 14 функционери од ДР Конго, вклучително и кандидатот на власта на претстојните претседателски избори, Емануел Рамазани Шадари.

Властите во ДР Конго тврдат дека станува збор за „реципроцитетни мерки“ кон ЕУ поради санкциите, а не за протерување, но одлуката не поминува во европските престолнини. Прес службите на ЕУ порачаа дека одлуката е „неоправдана“ и „контрапродкутивна“ само неколку дена пред најавените претседателски избори во ДР Конго, закажани за 30 декември.

Овие избори се одложуваат веќе две години. Начелно тие требаше да се одржат во декември 2016, но, во оваа држава ниту еднаш трансферот на власта не се случил на мирен и демократски начин во последните децении.

Претседателот Жозеф Кабила, кој владее од 2001 година по смртта на татко му, е обвинет за репресија, корупција и авторитаризам со години, а незадоволството кај населението секојдневно се зголемува. Изборите кои беа закажани за 23 декември се одложија за една недела, но пред два дена ненадејно беше најавено дека во неколку делови на државата тие ќе бидат дополнително одложени за три месеци, официјално поради немири и поради епидемијата на ебола која владее во тие региони, во кои има најголема поддршка за опозициските партии.

Кабила не смее да се кандидира повторно и го избра Шадари за негов наследник, предизвикувајќи загриженост кај меѓународната заедница дека планира систем сличен на оној на Путин и Медведев во Русија. Кабила не ја исклучи можноста повторно да се кандидира во 2023.

Властите во Конго одбија, исто така, овојпат да примат меѓународни набљудувачи за овие избори, повикувајќи се на „суверенитетот“ на државата.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски