ЕУ: Шенгенската зона останува без внатрешни граници

Од:

Европската унија нема повторно да воведува внатрешни граници, туку ќе остане во сила правото на патување без пасоши низ просторот на Шенгенската унија и покрај притисоците да се воведе гранична контрола поради безбедност, соопшти денеска Европската комисија.

– Не се преговара за шенгенот и ЕК не планира да го менува, изјави портпаролот на ЕК, Кристијан Виганд, додавајќи оти шенгенските правила им дозволуваат на националните полиции да извршуваат контрола.

Белгија и уште неколку држави претходно побараа да се разгледа воведување на контрола на државните граници односно на внатрешните граници на ЕУ поради неодамнешниот напад на железницата и зголемениот прилив на мигранти од Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ