ЕУ работи на четврт круг санкции против Русија

Од:

Европската унија развива четврти пакет санкции против Русија поради нејзината воена операција во Украина, изјави денеска австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг.

– Веќе воведовме силни санкции. Работиме на четвртиот пакет. В петок ќе има специјален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, рече тој.

Според шефот на австриската дипломатија, новите санкции ќе ги погодат големите бизнисмени, се подготвуваат посебни списоци. Следната главна цел ќе биде, така да се каже, врвот, олигарсите, рече Шаленберг. – Работиме, веќе има нови списоци, вели тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски

Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и Америка

Горан Наумовски

Патрушев: Украина ќе престане да постои