ЕУ: Пресудата против Навални е неприфатлива и политички мотивирана

Од:

Шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел, се огласи попладнево во име на сите 27 земји членки на Унијата со остра осуда за затворската казна изречена против Алексеј Навални.

-Европската Унија ја осудува одлуката на руските власти да го казнат господинот Навални и смета дека ова е неприфатливо колку што е и политички мотивирано, и е спротивно на обврските на Русија кон меѓународните и човековите права, порача Борел преку писмено соопштение.

Опозиционерот Алексеј Навални вчера беше осуден на две години и осум месеци затворска казна, неколку недели откако побегна од Русија за Германија на лекување, откако беше отруен со хемиски агенс.

Европската Унија бара веднаш и безусловно ослободување на Алексеј Навални и на сите други осудени опозиционери на режимот на Владимир Путин кои беа уапсени затоа што протестираа на улица.

-Овие настани потврдуваат дека се стеснува просторот за опозицијата, граѓанското општество и независните гласови во Руската Федерација, смета ЕУ.

Прашањето е ставено на дневниот ред на министрите за надворешни работи на ЕУ кој ќе се одржи за неколку дена и на кој ќе се разговара за санкции против Москва.

Би можело да ве интересира

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ