ЕУ: Пресудата против активистот Симонов во Русија е неприфатлива

Од:

Европските дипломатски служби реагираа денеска за пресудата изречена во Русија против активистот за човекови права, Семјон Симонов, согласно рускиот закон против странски агенти.

Овој руски закон налага секој кој прима финансии од странство да ги пријави и тие луѓе се сметаат за “странски агенти“. Симонов е осуден на 250 часа општествено корисна работа за неплатена казна.

Европската Унија оцени дека ова е неприфатлива злоупотреба на законот за странски агенти за да се врши притисок врз активистите за човекови права и ги повика руските власти да стават крај на обвиненијата против Симонов.

-Законот за “странски агенти“ придонесува кон дополнително систематско нарушување на темелните слободи, го ограничува просторот за граѓанското општество, независните медиуми и правата на политичката опозиција, реагираа од дипломатските служби на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања