ЕУ предлага да се деблокираат средствата на руските банки за да ѝ се помогне на трговијата со храна

Од:

Европска комисија до земјите-членки на Европска Унија достави документ со што се предлага да се ослободат „одредени средства“ од руските банки замрзнати по санкциите на ЕУ со цел да се помогне во обнова на трговијата со земјоделски и прехранбени производи.

– ЕУ сака совршено да стави до знаење дека ништо во санкциите не го спречува транспортот на жито од Русија или Украина … Надлежните органи на земјите-членки може да одобрат ослободување на одредени замрзнати средства или економски ресурси кои им припаѓаат на банките, откако ќе утврдат дека тие средства се неопходни за купување, увоз или транспорт на земјоделски и прехранбени производи, вклучително и жито и ѓубрива, се наведува во документот.

Според неименуван дипломат изјави дека тоа се однесува на седум руски банки и оти земјите-членки наскоро треба да одлучат за тоа.

Претседателот на Сенегал и актуелен претседател на Африканска Унија, Меки Сал, неодамна изрази загриженост за последиците од европските санкции врз трговијата со жито, особено за исклучувањето на главните руски банки од меѓународниот финансиски систем Свифт, што е клучен за трансфер на пари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

ЕК: Македонија ќе ги добие средствата за пред-финансирање што е можно поскоро

Европската Комисија го осуди денешниот руски ракетен во Киев

Горан Наумовски

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски

Мерсие: ЕК работи на исплата на првите средства од Планот за раст на Западниот Балкан

Рокас: Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа

Горан Наумовски