Европската комисија синоќа оцени дека преземањето на Мосул во Ирак од џихадистите на ИД е „одлучувачка етапа“ во борбата против тероризмот.
Високата претставничка на Еу за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и комесарот задолжен за хуманитарни прашања Кристос Стилијанидес оценија дека преземањето на Мосул е „одлучувачка етапа во кампањата за преземање контрола на подрачја во Ирак и Сирија од терористите“.
Европските официјални лица оддадоа признание на „народот, владата и вооружените сили на Ирак како и воените и цивилни жртви од офанзивата што донесе победа“.
Ирачкиот премиер Хајдер ел Абади прогласи победа над екстремистите на ИД по 8-месечна офанзива за ослободување на Мосул.