ЕУ одобри нов пакет санкции против Русија, насочени кон руската „флота во сенка“ и компании од Србија

Од:

Европската унија одобри нов пакет санкции против Русија, насочени кон нејзината „флота во сенка“ која ја заобиколува забраната за извоз на нафта, а во исто време се заканува со дополнителни мерки доколку Москва не се согласи на прекин на огнот во Украина, пишува Франс прес. Ова е 17-ти пакет санкции на ЕУ откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година. Пакетот беше во подготовка дури и пред европските лидери да издадат ново предупредување до Москва како дел од мировните иницијативи предводени од САД.

Дипломатите од сите 27 земји-членки на ЕУ се договорија за нови мерки на состанокот во Брисел, потврди полското претседателство со Советот на ЕУ.

Пакетот, кој формално ќе биде усвоен во вторник, вклучува ставање на црната листа на 200 танкери со нафта што се користат за заобиколување на санкциите за извозот на руската нафта. Со санкциите ќе бидат опфатени и компании од земји како Виетнам, Србија и Турција кои се осомничени дека ја снабдуваат руската војска.

Десетици руски функционери ќе бидат додадени на списокот на санкционирани, придружувајќи им се на речиси 2.400 поединци и организации кои веќе се предмет на забрана за патување од ЕУ и замрзнување на имот. Санкциите важат и за лица одговорни за сајбер напади, кршење на човековите права и саботажа на територијата на Европа.

И покрај се, европските функционери признаваат дека овој пакет е поблаг од претходните бидејќи е се потешко да се постигне консензус за новите цели во Унијата.

Заедно со пакетот, ЕУ и се закани на Русија со „масивни санкции“ доколку одбие да го прифати предлогот за 30-дневен прекин на огнот поддржан од САД.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја предупреди Москва дека ќе се соочи со дополнителни санкции доколку оваа недела нема вистински напредок кон мирот во Украина. Мерц го покани рускиот претседател Владимир Путин да седне на маса со украинскиот претседател Володимир Зеленски во четврток во Истанбул и да разговара за примирјето и можното мирно решение.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го извршија најголемиот напад врз Харков досега, црн чад се крева над градот

Русите обвинија земја од НАТО: Знаеме дека сте вклучени

ВИДЕО: Почна одмаздата на Путин, голем руски напад на Киев

ВИДЕО: Пожар во рафинерија во Русија, Украинците ја погодија со дрон

ВИДЕО: Прашајте си ги разузнавачите што планира Путин во Белорусија, Зеленски ја предупреди Европа

Руската амбасада во Лондон: Немаме намера да ја напаѓаме Велика Британија