ЕУ одбива да ги набљудува изборите во Венецуела и бара нивно одложување

Од:

Европската унија денеска соопшти дека нема да испрати набљудувачка мисија за следење на парламентарните избори во Венецуела, поради недостиг на услови за фер и слободно гласање.

Владата во Каракас ја повика ЕУ да испрати набљудувачка мисија, но шефот за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, рече дека заклучил дека „не се исполнети условите за транспарентен, инклузивен, слободен и фер изборен процес“.

Во изјавата, сепак, Борел ги поздрави наводите дека владата на претседателот Николас Мадуро и дел од опозицијата разговараат за евентуално одложување на изборите за Конгресот закажани за 6 декември.

– Тоа е чекор во вистинска насока, но недоволен за ЕУ да може да испрати набљудувачка мисија на изборите. За тоа да се направи, потребен е прецизен и позитивен одговор на минимум барања дефинирани од опозицијата, посочи Борел.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он